Формула 1

Верстапен се радува на втората пол позиција во кариерата, Холанѓанецот најбрз во Интерлагос

Макс Верстапен победи во квалификациите на ГН на Бразил, Холанѓанецот беше најбрз на Интерлагос и со време од 1:07:508 стигна до пол позиција, втора во неговата кариера.

Макс Верстапен им ја расипа забавата на Ферари и Мерцедес во Интерлагос, Холанѓанецот покажа најмногу кога беше најпотребно и стигна до пол позиција.

По првите брзи кругови, разликата помеѓу него и Себастијан Фетел беше минимална, но при второто излегување на патеката, тој успеа да се подобри и да постави време од 1:07.508. Неговите ривали не можеа да најдат нешто екстра, па Себастијан Фетел мораше да се задоволи со старт од втората позиција.

Луис Хамилтон имаше време само за трето место, а Шарл Леклер разочара и финишираше како четврти. Тој ќе добие и казна од 10 места за промена на моторот, па ќе назадува на гридот.

Потоа следуваа Валтери Ботас, Алекс Албон, Пјер Гасли, Роман Грожан, Кими Раиконен и Кевин Магнусен.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе