Одлично издание на возачот на Ред Бул

Верстапен се радува на прва пол позиција во кариерата, Холанѓанецот со рекорден круг во Хунгароринг!

Макс Верстапен конечно стигна до првата пол позиција, Холанѓанецот попладнево беше најбрз во квалификациите на ГН на Унгарија со нов рекорд на патеката и време од 1:14.572.

Фантастично издание на Макс Верстапен во квалификациите во Хунгароринг. Возачот на Ред Бул ги остави зад себе Мерцедес и Ферари и се радува на првата пол позиција во квалификациите.

Во својот втор брз круг, Холанѓанецот постави време од 1:14.572 кое беше недостижно за конкуренцијата и покрај тоа што Валтери Ботас сериозно се закани и имаше минимално заостанување од 18 илјадитинки.

Па со нов рекорд на патеката, Макс Верстапен стана 100-тиот пилот во историјата на Формула 1 кој стигнал до пол, а неговиот успех значеше и успех за Хонда, и прва пол позиција по 2006 за Јапонците.

Актуелниот шампион и лидер во генералниот пласман, Луис Хамилтон мораше да се задоволи со третото место, а покрај него во вториот ред ќе стартува Шарл Леклер.

Потоа следуваат Себастијан Фетел, Пјер Гасли, Ландо Норис, Карлос Саинц, Роман Грожан и Кими Раиконен.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе