Формула 1

Верстапен повторно доминираше во Австрија за својот прв „гренд слем“ во кариерата!

Макс Верстапен креираше 32 бода предност во однос на Луис Хамилтон, Холанѓанецот попладнево повторно доминираше во Австрија и победи пред Валтери Ботас и Ландо Норис.

Втората трка во Австрија не донесе изненадување, Макс Верстапен одново домонираше и го забележа својот прв „гренд слем“ во кариерата. Холанѓанецот стигна до пол позиција, победи, го имаше најбрзиот круг и беше во водство од прв до последен круг.

На возачот на Ред Бул во прилог му одеше и малиот пех на Луис Хамилтон, кој заврши на позицијата број четири, па сега Макс Верстапен има 32 бода повеќе од својот ривал во битката за титулата.

Валтери Ботас финишираше како втор, а Ландо Норис одличниот викенд го комплетираше со место на пидесталот.

Карлос Саинц заврши како петти откако во претпоследниот круг го претекна Даниел Рикардо и остана во 10 секунди зад Серхио Перез, кој доби две казни од по 5 секунди откако во два наврати го истурка Шарл Леклер во борба за подобра позиција.

Во бодови денеска уште завршија и Пјер Гасли и Фернандо Алонсо.

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе

Енергетската сиромаштија е значително поприсутна во централна, источна и југоисточна Европа, покажува последното истражување.

повеќе