Холанѓанецот ќе заработи богатство

Верстапен останува верен на Ред Бул и го добива најбогатиот договор во историјата на Формула 1!

Голем број на медиуми пренесуваат дека Макс Верстапен и Ред Бул си подале рака за нова соработка, Холанѓанецот ставил потпис на долгогодишен договор со плата од 40 милиони фунти (околу 48 милиони евра) по сезона.

Макс Верстапен и Ред Бул минатата сезона ја прекинаа доминацијата на Мерцедес, и во драматична завршница, во последниот круг на трката во Абу Даби стигнаа до шампионската титула во Формула 1. 

Двете страни се задоволни од соработката па одлучиле да продолжат заедно и во иднина. 

Голем број на извори пренесуваат дека Макс Верстапен ставил потпис на најбогатиот договор во историјата на Формула 1. Холанѓанецот ќе има плата од околу 40 милиони фунти (околу 48 милиони евра) по сезона, исто колку што заработува и Луис Хамилтон, но соработката ќе биде на четири или пет години и договорот може да тежи и до 200 милиони фунти. 

Се очекува до крајот на неделата да пристигне официјална потврда за новата соработка помеѓу Ред Бул и Макс Верстапен.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе