Формула 1

Верстапен ќе стартува од пол-позиција, Леклер како последен, Алонсо изненади со второ место

Макс Верстапен беше најбрз во квалификациите за ГН на Канада, Холанѓанецот немаше конкуренција на влажната патека, Фернандо Алонсо изненади и се избори за старт од првиот ред.

Дождот во Монтреал донесе интересни квалификации, Макс Верстапен беше најбрз и стигна до пол-позиција со постигнување од 1:21.299 кое не беше достижно за конкуренцијата.

Фернандо Алонсо изненади и во последниот обид успеа да се избори за старт покрај Макс Верстапен во првиот ред. Карлос Саинц ќе стартува како трети, а друштво во вториот ред ќе му прави Луис Хамилтон.

Третиот ред е резервуран за возачите на Хас, Кевин Магнусен и Мик Шумахер а потоа следуваат Естебан Окон, Џорџ Расел, Даниел Рикардо и Жу Гуанју.

Шарл Леклер ќе стартува како последен откако Ферари реши да ја промени погонската единица.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе