Формула 1

Верстапен ја освои пол позицијата па со глупав потег ја загуби на зелена маса (ВИДЕО)

Макс Верстапен победи во квалификациите за ГН на Мексико, но Холанѓанецот ќе стартува како четврти откако доби казна од стјуардите за глупавиот потег во финишот.

Возачите на Ферари ќе го запоседнат првиот ред во Мексико откако Макс Верстапен ја загуби пол позицијата на зелена маса. Холанѓанецот беше најбрз во квалификациите, но глупавиот потег и изјавата на пресот го чинеа казна.

Во финишот од третата сезија, Валтери Ботас се заби во бариерата, имаше жолти знамиња во последниот сектор и сите мораа да забават. Тоа значеше дека никој од возачите не можеше да го подобри своето време со што пол позицијата му беше загарантирана на Макс Верстапен откако Холанѓанецот имаше најдобро постигнување по првите брзи кругови и сите го бркаа неговото постигнување.

Но младиот возач на Ред Бул малку се занесе, имаше рекорден трет сектор и нов најбрз круг со кој само ја потврди пол позицијата. Како ова да не беше доволно, тој на прес конференцијата потврди дека свесно ги игнорирал жолтите знамиња и не ја тргнал ногата од педалот за гас и покрај тоа што видел дека Ботас е забиен во заштитните бариери.

Па стјуардите реагираа, веднаш го повикаа на разговор и откако ги разгледаа видео снимките и телеметријата, го казнија со три места. Ваквиот расплет на настаните значеше стартно место број 1 за Шарл Леклер, а Себастијан Фетел ќе стартува како втор. Една позиција ќе напредува и Луис Хамилтон, кој ќе биде трети, а Макс Верстапен ќе се најде на стартното место број 4.

Потоа следуваат Алекс Албон, Валтери Ботас, Карлос Саинц, Ландо Норис, Дани Квјат и Пјер Гасли.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе