Новиот шампион во Формула 1 ќе се решава во Абу Даби, Луис Хамилтон и Макс Верстапен во последната трка ќе влезат со ист број на бодови откако вечерва Британецот победи на премиерната трка во Саудиска Арабија.
Двата лути ривали имаа неколку интересни дуели, дури и се судрија откако Макс Верстапен забави за да го пушти Луис Хамилтон, возачот на Мерцедес како да не знаеше што се случува, па се удри во задниот дел на болидот на Ред Бул.
Двајцата продолжија, неколку круга подоцна, Макс Верстапен го пушти Луис Хамилтон напред, но веднаш се врати во водство со итар маневар. Сепак, Холанѓанецот реши повторно го пушти Британецет, а доби и казна од 5 секунди за претходен инцидент и тука веќе беше јасно кој ќе победи.
Послендото место на пиедесталот му припадна на Валтер Ботас, кој некако успеа да го претекне Естебан Окон во последниот круг и прв да ја помине целта.