Формула 1

Верстапен и Хамилтон се судрија во Саудиска Арабија, шампионот ќе се решава во Абу Даби (ВИДЕО)

Луис Хамилтон триумфираше на премиерната трка во Саудиска Арабија пред Макс Верстапен, двајцата лути ривали за титулата имаа неколку интересни дуели, дури и се судрија.

Новиот шампион во Формула 1 ќе се решава во Абу Даби, Луис Хамилтон и Макс Верстапен во последната трка ќе влезат со ист број на бодови откако вечерва Британецот победи на премиерната трка во Саудиска Арабија.

Двата лути ривали имаа неколку интересни дуели, дури и се судрија откако Макс Верстапен забави за да го пушти Луис Хамилтон, возачот на Мерцедес како да не знаеше што се случува, па се удри во задниот дел на болидот на Ред Бул.

Двајцата продолжија, неколку круга подоцна, Макс Верстапен го пушти Луис Хамилтон напред, но веднаш се врати во водство со итар маневар. Сепак, Холанѓанецот реши повторно го пушти Британецет, а доби и казна од 5 секунди за претходен инцидент и тука веќе беше јасно кој ќе победи.

Послендото место на пиедесталот му припадна на Валтер Ботас, кој некако успеа да го претекне Естебан Окон во последниот круг и прв да ја помине целта.

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе