Формула 1

Верстапен ги прелета Ботас и Хамилтон на стартот за победа во Мексико

Макс Верстапен ја зголеми предноста во генералниот пласман на 19 бода откако вечерва триумфираше во Мексико пред Луис Хамилтон и тимскиот колега Серхио Перез.

Мерцедес синоќа го окупираше првиот ред во квалификациите, но сето тоа денеска падна во вода уште на стартот. Макс Верстапен ја искористи заветрината, храбро влезе во првиот свиок, последен притисна на сопирачките и ја поведе трката.

Ова беше клучен момент, Луис Хамилтон немаше темпо да го следи ривалот за титулата, а за проблемите на Мерцедес да бидат поголеми, Ботас имаше контакт со Рикардо во првиот свиок, и за него трката практично заврши тука.

До крајот, Макс Верстапен рутински одработи за триумф и зголемување на предноста во генералниот пласман на 19 бодови. Последното место на пиедесталот му припадна на Серхио Перез, кој во финишот се обиде да го нападне Луис Хамилтон но немаше доволно брзина.

Во бодови уште завршија Пјер Гасли, Шарл Леклер, Карлос Саинц, Себастијан Фетел, Кими Раиконен, Фернандо Алонсо и Ландо Норис.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе