Премиерната трка во Мајами заврши со триумф на Макс Верстапен, актуелниот шампион го претекна Саинц уште на стартот, за во 9-тиот круг да го претекне и Шарл Леклер, кој стартуваше од пол-позиција.
Холанѓанецот потоа рутински одрабтоуваше, се до 41-виот круг кога Норис се заби во ѕидот и излезе безбедносното возило.
Предноста на Макс Верстапен беше стопена, Шарл Леклер вршеше притисок но возачот на Ред Бул без проблеми ја бранеше својата позиција за потоа и да го подигне темпото и да постави најбрзо време кое му носи еден бод плус.
Шарл Леклер на крајот мораше да се задоволи со позицијата број два, а Карлос Сианц со последното место на пиедесталот.
Потоа следуваа Серхио Перез, Џорџ Расел, Луис Хамилтон, Валтери Ботас, Естебан Окон, Фернандо Алонсо и Алекс Албон.