Формула 1

Верстапен ги испцу Фетел и возачите на Рено па им порача: Ќе видат што ќе им се случи следниот пат! (ВИДЕО)

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен беше прилично бесен по крајот на квалификациите откако не успеа да направи втор брз круг бидејќи беше претекнат од ривалите во последните два свиока.

Холанѓанецот утре ќе стартува како петти, но верува дека можел до третото место во квалификациите доколку имал прилка за втор брз круг.

Во последните мигови од денешните квалификации, Макс Верстапен најпрво беше претекнат од Себастијан Фетел а потоа и од Рикиардо и Хулкенберг, па кога ја мина целата, времето веќе беше истечено.

Во комуникацијата со својот инженер преку тимското радио, тој беше прилично бесен и му кажа: „Какви се*ковци. Се наредивме и потоа тие се е*ано упропастија. Се обидуваш да биде фин, а тие сè упропастија“.

Возачот на Ред Бул не беше смирен ни кога разговараше со новинарите од Холандија, каде им испрати порака на ривалите дека ќе добијат соодветен одговор во иднина.

„Возевме еден зад друг, но одеднаш ме помина Фетел а потоа и двајцата возачи на Рено. Па ми ја упропастија цела подготовка. Има непишано правило дека едноставно го следиш тој пред тебе. Но од сега па понатаму, јас ќе ги е*ам секој пат“.

Макс Верстапен разговараше и со Ф1 каде беше поумерен во својата изјава: „Едноставно го следев Ферарито пред мене и се обидував да бидам фин. И јас можев да го претекнам Леклер но ова не се прави во квалификации“.

„Има непишано правило кое едноставно го почитувате и кога сте во последниот сектор, возите еден зад друг. Јас бев фин, возев зад Леклер и одеднаш почнаа да ме претекнуваат. Тоа не е убаво, но ќе го запаметам ова за следните квалификации, доколку им се повтори, знам што да правам“.

„Секако дека сум вознемирен можевме да се бориме за трето место денеска“.

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе

Додека Бугарите се убедуваат себеси и нас дека Гоце Делчев бил Бугарин, да се потсетиме на некои од Гоцевите искажувања, кои ја одразуваат неговата големина и неговото визионерство.

повеќе