Стјуардите донесоа одлука

Верстапен е виновен за судирот со Хамилтон, возачот на Ред Бул казнет

Стјуардите на трката во Монца пресудија дека Макс Верстапен е виновен за сударот со Луис Хамилтон, возачот на Ред Бул ќе назадува три места на гридот на трката во Сочи.

Макс Вестапен и Луис Хамилтон имаа страшен судир во Монца, Холанѓанецот се обиде да го претекне својот ривал во надворешниот дел на свиокот број 1 и внатрешниот дел на свиокот број 2.

Простор за ова немаше, никој не сакаше да попушти, па Макс Верстапен закачи едно тротоарче, полета во воздух и заврши врз болидот на Луис Хамилтон.

По крајот на трката стјуардите одлучија дека Макс Верстапен бил виновен за инцидентот, па го казнија и тој ќе назадува три места на гридот на трката во Сочи.

Холанѓанецот има поинакво гледшите за судирот и рече: „Не се сложувам целосно со стјуардите и казната која ја добив, верувам дека се работеше за тркачки инцидент“.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе