Ваквиот потег во 2016 се покажа како полн погодок

Веќе виден потег, Ред Бул немаше милост и го деградираше Гасли а го промовираше Албон

Летната пауза во Формула 1 беше искористена од страна на Ред Бул за промена во тимот, Алекс Албон ќе му биде нов тимски колега на Макс Верстапен а Пјер Гасли е деградиран и вратен во Торо Росо.

Французинот имаше далеку послаби резултато од Макс Верстапен оваа сезона, па често се говореше дека виси неговото место во Ред Бул. Дури и се шпекулираше за спектакуларно враќање на Фернандо Алонсо, но „биковите“ направија чекор кој веќе е виден.

Пјер Гасли е деградиран и вратен во сестринскиот тим Торо Росо, а рукито Алекс Албон доби промоција и ќе му биде тимски колега на Макс Верстапен од следната трка во Спа и ГН на Белгија.

Раководството на тимот и претходно знаело да нема милост. Во 2016, по неколку слаби трки, Дани Квјат беше деградиран и вратен во Торо Росо, а токму Макс Верстапен доби промоција и седна зад воланот на Ред Бул.

Потегот се покажа како полн погодок откако Холанѓанецот брзо прерасна во ѕвезда и се промовираше во иден шампион.

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе