Изборија и пласман на ОИ 2020 во Токио

Ватерполо драма во Белград, Србија ја победи Хрватска и ја освои Светската лига

Србија ја освои Светската лига откако во финалето кое се играше во Белград ја победи Хрватска со 12:11 со гол во самиот финиш од мечот.

Србија ја победи Хрватска во финалето од Светската лига, а тоа за нив донесе и пласман на Олимписките игри 2020 година во Токио.
 
Средбата меѓу двата соседи и двете најдобри селекции во светот на ватерполото во моментов, изобилуваше со драма која беше зачинете и со многу дожд во последниот период.
 
Во последната четвртина Србија влезе со еден гол негатива, но успеа да направи пресврт и на крајот со гол на Филиповиќ од пенал дојде до победа од 12:11.
 
До крајот имаше уште неколку секунди од играта, голманот на Хрватска, Бајиќ се обиде да израмни, н не успеа по што можеше да почне радоста на Србија.
 
Во битката за третто место Австралија со 11:10 ја победи Шпанија.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе