СЕДМИ МАНДАТ ЗА ТУПУРКОВСКИ

Васил Тупурковски останува на чело на МОК, Камчев и Буштур потпретседатели

Васил Тупурковски доби и седми мандат, и во наредните четири години ќе биде прв човек на Македонскиот олимписки комитет.

На денешното собрание на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Васил Тупурковски повторно беше избран за претседател на организацијата.
 
Делегатите речиси едногласно го реизбраа Васил Тупурковски за претседател на МОК. За него гласаа вкупно 119 делегати од 120, еден беше воздржан.
 
Тупурковски ја води оваа институција уште од 1992 година. За потпретседатели избрани се бизнисменот Јордан Камчев и кошаркарската легенда Благоја Георгиевски Буштур.

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе