Крај на една ера, Валентино Роси се повлекува од Мото ГП. На 42 години, легендарниот Италијанец, кој според многумина е најдобриот возач во историјата, реши да оди во пензија.
Неговиот сопствен тим, Арамко Рејсинг ВР46, му правеше притисок да продолжи во 2022, да се качи на Дукати и да го дели боксот со неговиот брат, Лука Марини, но ветеранот е свесен дека дошол на крајот од патувањето.
„Кажав дека ќе донесам одлука по летната пауза, и сега сакам да ви соопштам дека решив да се повлечам на крајот од сезоната. Ова е тажен момент бидејќи ми е тешко да кажам и да знам дека нема да се тркам следната година, го правам ова речиси 30 години“ – вели Валентино Роси.
„Следната година, животот ќе ми се промени. Но патувањето беше одлично, уживав многу, ми беше забавно. Се што искусив е незаборавно“.
Валентино Роси е дел од Мото ГП 26 години, забележа 115 победи и има освоено девет титули, шест во Мото ГП класата, една во 500цц, една во 250цц и една во 125цц.






