Без Марк Маркез, се очекува Фабио Квартараро да биде тој што ќе атакува на победа во Брно за три од три оваа сезона, а Маверик Вињалес и Влантино Роси да му бидат ривали.
Сепак, на денешната трка најмногу прикажа дебитантот Бред Биндер, за кого ова беше само трета трка во „кралската“ класа. Возачот од Јужна Африка покажа извонредно темпо, на девет круга пред крајот изби во водство и мина низ целта со пет секунди предност во однос на Франко Морбидели, за кого ова е прв подиум во карерата.
За изненадувањата да бидат комплетни, на последното место на пиедесталот се качи Жоан Зарко, кој на хартија треба да е најслабото Дукати на гридот.
Потоа следуваа Алекс Ринс, Валентино Роси, Мигел Оливеира, Фабио Квартараро, Такаки Накагами, Џек Милер и Алекс Еспаргаро.
Андреа Довициозо беше 11-ти, а Маверик Вињалес финишираше како 14-ти.