Не се согласува со одлуката на неговиот тим

Вајлдер: Сакав мојот тим да ме оставеше да се борам до крај, но ќе се вратам посилен

Дионтеј Вајлдер го признава поразот од Тајсон Фјури иако не се согласува со одлуката на неговиот тим да го предадат мечот. 

Фјури доминираше против Вајлдер кој два пати беше во нокдаун пред да загуби во седмата рунда со технички нокаут. Американскиот боксер беше во толку лоша позиција што неговиот тим фрли пешкир во рингот за да му ги скрати маките, тоа значеше дека се предаваат.
 
„Подобриот вечерва победи. Се случуваат вакви работи. Мојот тим го фрли пешкирот но јас сум воин, сакав да ме остават да се борам до крај“, вели Вајлдер.
 
„Нема оправдувања. Ќе се вратам уште посилен. Ќе се бориме повторно. Тоа е боксот, најдобрите мора да се борат со најдобрите“.

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе