Смешен изговор на Американецот

Вајлдер го обвини тешкиот костум за поразот и потврди дека ќе има трет меч со Фјури

Дионтеј Вајлдер потврди дека ќе ја искористи клаузулата во договорот и ќе побара уште еден меч со Тајсон Фјури, а за поразот го обвини костумот со кој излезе на рингот. 

Тајсон Фјури многу доминантно го победи Дионтеј Вајлдер и му ја зема титулата, американскиот боксер потврди дека ќе ја искористи клаузулата во договорот и ќе побара уште еден меч со Британеот, а за поразот тој го обвини тешкиот костум.
 
„Нов меч дефинитивно ќе се случи. Ќе ја активираме клаузулата“, потврди Вајлдер.
 
„Тој воопшто не ме повреди, но факт е дека мојата униформа беше премногу тешка за мене. Како да немав нозе од почетокот на борбата. Во третата рунда нозете ми беа како да ми се застрелани“.
 
„Многу луѓе ми велеа „Изгледаше како нешто да не е во ред со тебе. Нешто беше, но кога сте во рингот мора да блефирате многу работи“.
 
„Се обидов да бидам најдобар што можам. Знаев дека немам нозе поради униформата. Имав шанса да ја пробам само ноќта пред мечот но не мислев дека ќе биде толку тешка“.
 
„Тежеше околу 20 килограми со шлемот и сите батерии. Сакав да оддадам почит за месецот на црната историја. Сакав да биде добро и тоа го ставив пред сè“.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе