УФЦ 261

Усман со спектакулаерн нокаут го победи Масвидал кој десет секунди претходно иронично му се смееше (ВИДЕО)

Камару Усман го одбрани шампионскиот појас откако со моќен нокаут го победи Хорхе Масвидал во Флорида пред 15.000 гледачи. 

Камару Усман е незапирлив, но се веруваше дека ако некој може да го победи, тоа е Масвидал, сепак Нигериецот уште еднаш покажа дека е апсолутен владетел во велтер категоријата (77кг).
 
Ова беше меч пред домашна публика за Масвидал, во Флорида каде имаше 15.000 гледачи.
 
По резервираната прва рунда, главниот момент се случи на почетокот од второто. Масвидал со една иронична насмевка, нешто што тој постојано го прави, дополнително го мотивираше Усман кој десет секунди подоцна на спектакуларен начин го нокаутираше, па го докрајчи со неколку боксови на земјата.
 
Усман има скор од 19-1 во ММА, но во УФЦ нема пораз, 14-0, му требаат уште две победи за да го изедначи рекордот на Андерсон Силва за најдолга победничка серија.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе