Мото ГП

Уште една трка за паметење во Австрија, Довициозо во последниот свиок го претекна Маркез за победа!

ГН на Австрија донесе нова трка за паметење и драма до самиот финиш, Андреа Довициозо го претекна Марк Маркез во последниот свиок за победа во Шпилберг.

Австрија е едно од места каде Марк Маркез нема победено, Шпанецот пред две години изврши ризчен атак во последниот свиок но Андреа Довициозо успеа да се одбрани и да триумфира.

Двајцата возачи и оваа година имаа дуел за паметење, но улогите беа променети. Андреа Довициозо беше тој кој нападна во последниот свиок, Италијанецот го изведе тоа перфектно и стигна до победа.

Трката започна возбудливо, веќе во вториот свиок Маркез и Дови можеа да се судрат откако Шпанецот влезе прешироко, но контакт беше испегнат и само загубија неколку позиции, кои брзо беа вратени.

Дови потоа поведе и беше на чело на колоната, но Маркез не се предаде, па двајцата возачи неколку пати се медуваа во водството.

Драмата кулминираше во последните неколку кругови кога никој не се штедеше, а Довициозо на мајсторски начин се избори за победа.

Последното место на пиедесталот му припадна на Фабио Квартараро, кој можеше да го следи темпото на Дови и Маркез во првиот дел од трката.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе