РУСИНКАТА ЌЕ ИГРА НА ПОСЛЕДНИОТ ГРЕН СЛЕМ ТУРНИР ОВАА ГОДИНА

УС Опен потврди: Марија Шарапова ќе настапи со вајлд кард

Марија Шарапова се најде на листата на добитнички на вајлд карти за настап на УС Опен која беше објавена денеска. 

За разлика од Ролан Гарос каде што Шарапова не беше добредојдена и не доби можност за настап, УС Опен и додели место на руската тенисерка која оваа сезона се врати по паузата поради допинг скандалот.
 
Добивањето на вајлд картата значи дека таа има место на главниот турнир без да игра квалификации.
 
Шарапова за време на Вимблдон беше повредена, па ова ќе биде нејзниот прв настап на грен слем турнир по повеќе од 18 месеци. 
 
Во квалификациите на УС Опен се очекува да настапи македонската тенисерка Лина Ѓорческа. Организаторот на турнир се очекува деновиве да ги објави листите за квалификантите.
 
Главниот турнир на УС Опен започнува на 28. август, неколку дена претходно се играат квалификациите.

Премиерот имаше добра прилика во највисокиот светски политички форум, поексплицитно да ги образложи причините за спорот за името.

повеќе

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе

Драги пратеници, помислете добро пред да притиснете копче за двојазична Македонија.

повеќе