ATП Мастерс Синсинати

Упорниот Медведев дојде до својот прв Мастерс 1000 трофеј во кариерата

Рускиот тенисер Данил Медведев во своето трето финале по ред во исто толку недели го освои Мастерс 1000 турнирот во Синсинати откако го совлада Давид Гофан.

Во Вашингтон загуби од Кирјос, во Монтреал од Надал во изминатите недели, но Русинот овој пат го совлада Гофан со 2-0 во сетови и го освои својот прв Мастерс турнир.
 
Русинот е и лидер оваа сезона со 44 победи и шест финалиња.
 
Мечот со Гофан тој го доби со 7-6 (3) и 6-4 за еден час и 39 минути, освојувајќи го неговиот најголем турнир во кариерата досега.
 
Медведев во полуфиналето го елиминираше Ѓоковиќ, а по мечот Новак рече: „Тој е еден од најдобрите во светот“.
 
23-годишниот Русин е најмладиот тенисер кој победил на Мастерс 1000 турнир од Енди Мареј во 2008 година.
 
Медведев се искачи на петтото место на АТП ранкинг листата што е негов највисок пласман досега.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе