Во најголемиот скандал во САД

Универзитетот Мичиген ќе исплати 500 милиони долари за децата и жените кои биле злоставувани од Лери Насар

Универзитет Мичиген Стејт соопшти дека е постигнат договор за обештетување вредно половина милјарда со повеќе од 300 деца и жени кои биле сексуално злоставувани од лекарот Лери Насер

Во најголемиот скандал за сексуално злоставување во спортската историја на САД, Лери Насар беше осуден на 175 години затвор во јануари месец.

Универзитетот Мичиген Стејт, каде Лери Насер работел скоро 20 години и каде се случиле најголем дел од злоставувањата, денеска соопшти дека постигнале договор со жртвите за оштета од половина милјарда долари.

На 332 деца и жени ќе им бидат исплатени 425 милиони долари, додека пак додатни 75 милиони долари ќе бидат употребни за основање на фонд од кој ќе се исплаќаат евентуални нови пријавени случаи за сексуално злоставување.

Оваа спогодба се однесува само на Мичиген Стејт, и не се однесува на индивидуите и институциите кои не го спречиле однесувањето на Лери Насар или пак замижале пред неговите постапки. Помеѓу нив е Федерацијата на гимнастички спортови на САД, Олимпискиот кимитет на САД, клубот Твистарс, локална теретана како Насер секоја недела се среќавал со пациенти како и неколку тренери.

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе