Формула 1

Уникатно искуство, колку пати ќе трепне Фетел за време на еден круг во Сингапур (ВИДЕО)

Формула 1 на љубителите на мото спортот им понуди уникатно искуство и покажа како изгледа еден круг низ улиците во Сингапур од камера која во фокусот го има лицето на возачите.

Откако Формула 1 премина во рацете на конзорциум од САД, Американците се обидуваат да најдат начини како трките да биде повозбудливи за гледачите.

Покрај напорите да се зголеми бројот на претекнувања и дуелите на патеката, се разгледува и опцијата на љубителите пред малите екрани да им се обезбеди едно поинакво уживање.

На почетокот од сезоната беше презенирана камера која се наоѓа во кацигата и долувува како трката изгледа од перспектива на возачите. Овој викенд на програмата е ГН на Сингапур, и Формула 1 промовираше нова камера која во фокусот го има лицето на возачите.

Со оглед на тоа дека се работи за ноќна трка, убаво се гледа како Себастијан Фетел е максимално фокусиран. Еден круг во Сингапур е околу 100 секунди, а Германецот не трепна ниту еднаш.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе