ЕП 2020 ватерполо

Унгарија и Шпанија ќе се борат за златото на Европското првенство во ватерполо

Унгарија со 10:8 ја победи Црна Гора во второто полуфинале на ЕП и за златниот медал ќе се бори против Шпанија која претходно ја совлада Хрватска. 

Домашната селекција на Унгарија е вториот финалист на Европското првенство во ватерполо откако ја совлада Црна Гора со два голови разлика.
 
Црногорците одлично го почнаа мечот и ја добија првата четвртина со 2:1, но Унгарија веќе во следниот период направи пресврт и на одморот замина со предност од 4:3.
 
Во третиот период Унгарија направи значителна предност, 8:5 по што беше јасно кој ќе игра во финалето, на крајот славеа со 10:8.
 
Во финалето Унгарија ќе игра против Шпанија која претходно со 9:8 беше подобра од Хрватска.
 

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе