УФЦ

УФЦ потврди: Хабиб во октомври се враќа во октагонот во борба против Гејчи

Хабиб Нурмагомедов следниот меч во УФЦ ќе го има на 24. октомври против Џастин Гејчи кој ќе ја има улогата на предизвикувач на шампионот. 

Последната борба Хабиб ја имаше во септември минатата година кога со зафат го победи Дастин Порие. Во меѓувреме требаше да се бори со Тони Фергусон но таа битка беше откажана поради коронавирусот.
 
Џастин Гејчи тогаш влезе во октагонот место Хабиб и го победи Фергусон со што ја освои титулата привремен шампион.
 
Сега шампионот Хабиб и привремениот шампион Гејчи ќе се борат на 24 октомври.
 
Ова ќе биде и меч со посебни емоции за Хабиб Нурмагомедов поради смртта на неговиот татко и тренер кој овој месец почина по здравствени компликации откако беше заразен од коронавирус.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе