УФЦ

УФЦ има нова ѕвезда, Чимаев го нокаутираше противникот за 17 секунди! (ВИДЕО)

Хамзат Чимаев не престанува да импресионира, неговата трета УФЦ борба ја заврши за само 17 секунди. Тој стана борецот кој најбрзо победил три меча во УФЦ, претседателот Дена Вајт е импресиониран од Чеченецот. 

Хамзат Чимаев е чеченскиот УФЦ борец за кој сите зборуваат. Тој има исклучително импресивен старт на кариерата и се предвидува дека во наредниот период ќе стане главна ѕвезда во октагонот.
 
Чимаев синоќа го нокаутираше Џералд Мершарт за 17 секунди со само еден молскавичен удар.
 
Тој стана најбрзиот борец во модерната ера на УФЦ кој стигнал до три победи, за тоа да го оствари му требаа само 66 денови. 
 

„Еден удар. Седумнаесет секунди. Ова момче е посебно. Тој е поразличен од било кој борец кој сум го видел некогаш. А во овој бизнис сум многу долго време, сум видел многу големи борци како доаѓаат и си одат, но ова момче е апсолутно посебно и никогаш не сум видел друг како него“, вели Дена Вајт, претседателот на УФЦ.
 
Чимаев е Чеченец кој од 2011 година се сели во Шведска, Стокхолм каде што живее и денеска. Тој има импресивен старт на кариерата во УФЦ како никој друг, во првите три борби беше толку импресивен што прими само еден удар.
 

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе