Претседателот на УФЦ потврди

УФЦ борбите за време на коронавирусот ќе се одржуваат на приватен остров! (ВИДЕО)

Претседателот на УФЦ, Дена Вајт потврди дека е во завршна фаза до комплетирање на сите елементи за борбите да се одржуваат на приватен остров. 

Поради актуелната ситуација со коронавирусот се откажа борбата меѓу Тони Фергусон и Хабиб Нурмагомедов. Но борба на 18 април ќе има, Дена Вајт синоќа потврди дека Џастин Гејчи ќе биде противникот на Фергусон. Непозната е само локацијата.
 
Во изјава за „ТМЗ“, Дена Вајт открива дека борбите за време на коронавирусот ќе се одржуваат на приватен остров, во наредните денови тоа треба и да се официјализира.
 
„За ден-два би требало ги обезбедам сите услови за борбите да се одржуваат на приватен остров. Имам приватен остров кој го средуваме, сега поставуваме инфраструктура, ќе бидат овозможени и интернационални летови“, вели Дена Вајт за „ТМЗ“.
 
„Тоа го правиме за да можат да пристигнуваат борците од други земји, бидејќи не можам да обезбедам тие да влегуваат во САД. Борбата е на 18 април, УФЦ се враќа“.

 

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе