СО УЛИЧНА ТЕПАЧКА РЕШАВАЛЕ КОЈ СПОРТ Е ПОСИЛЕН

Убиен светскиот шампион во кревање тегови, причината е бизарна

Рускиот кревач на тегови, Андреј Драхјов е убиен во улична тепачка со шампион во ММА, Анар Алакверанов во рускиот град Хабаровск.

Русинот Андреј Драхјов го загуби животот откако им подлегнал на повредите по тепачката со неговиот сонародник, Анар Алакверанов.
 
Тепачката се случила вчера наутро во центарот на градот Хабаровск, а до неа дошло откако двајцата борци се расправале кој спорт е подобар.
 
Откако не успеале да ја решат дилемата со зборови, одлучиле да се тепаат и така да видат кој спорт е посилен. 
 
ММА борецот Алкверанов лесно го совладал Драхјов, откако со удар во главата го легна на земја, му нанесе уште неколку удари кои се покажаа смртоносни за кревачот на тегови.
 
Драхјов починал на самото место, а Алакверанов е приведен и ќе одговара за убиство.

Природната и суровата храна се заменува со фабрички подготвени оброци и со обработена храна.

повеќе

Гувернерот, кој и да е, не е ничиј должник. Ниту на предлагачот, ниту на тие што ќе го изгласаат.

повеќе

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе