Формула 1

Убедлива победа на Леклер во Австралија, Саинц и Верстапен не завршија

Шарл Леклер ја забележа втората победа во третата трка оваа сезона во Формула 1 откако со убедлива предност прв заврши на ГН во Австралија, на подиумот се качија и Серхио Перез и Џорџ Расел. 

Шарл Леклер и Ферари имаат старт каков што само можеа да посакаат во новата сезона. Моначанецот победи на трката за Големата награда на Австралија, а го имаше и најбрзиот круг за дополнителен бод.
 
Во текот на трката Леклер се бранеше од напади на Верстапен, но Холанѓанецот поради проблеми со болидот се откажа во 39. круг, по што возачот на Ферари без проблеми финишираше прв на целта.
 
До место на подиумот дојдоа и Серхио Перез од Ред Бул како и Џроџ Расел од Мерцедес. Луис Хамилтон го освои четвртото место, а бодови освоија и Норис, Рикиардо, Окон, Ботас, Гасли и Албон.
 
По три извозени трки Леклер е убедливо на првото место со 71 бод, Расел е втор со 37, Саинц има 33, Хамилтон 28, а Верстапен со 25 од претходната трка на која победи.

Римскиот политичар и филозоф, Марк Тулиј Цицерон, во I век пред н.е. укажал дека „кога немате основа за аргумент, злоставувајте го тој што ве обвинува“.

повеќе

Со појавата не енергетската криза многу земји отстапија од зацртаните планови за намалување на емисиите на стакленички гасови.

повеќе

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе