Полјакот беше избран за најдобар фудбалер во годината

Убав гест на Лео Меси кон Роберт Левандовски

Медиумите пренесуваат дека Лео Меси еден час седел пред својот Ајпад и ја следел „Д Бест" церемонијата и покрај тоа што знаел дека нема да добие никаква награда и Роберт Левандовски ќе биде прогласен за фудбалер на годината.

Светската куќа на фудбалот синоќа ги одбираше најдобрите во годината, трофејот „Д Бест“ заврши во рацете на Роберт Левандовски, Полјакот до ова признание стигна пред Лео Меси и Мохамед Салах.

Медиумите сега пренесуваат за убав гест на Лео Меси, Аргентинецот еден час седел пред својот Ајпад и ја следел церемонијата (која беше виртуелна) и покрај тоа што знаел дека нема да добие никаква награда.

Аргентинецот од својот дом се појави на екраните и со насмевка на лицето чекаше да биде отворен ковертот и да биде прочитано името на Роберт Левандовски.

Во последните неколку години, Лео Меси и Кристијано Роналдо (двете најголеми имиња на денешницата а можеби и во историјата) често знаеа да не се појават на церемониите доколку нивното име не се наоаѓаше помеѓу победниците.

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе