Најава за уште една возбудлива трка во Мото ГП

Три различни производители во првиот ред, Маркез до пол-позиција во Аргентина!

Марк Маркез уште еднаш демонстрираше зошто му одговара патеката воРио Ондо и стигна до пол-позиција пред Маверик Вињалес и Андреа Довициозо.

Најава за нова возбудлива трка во Мото ГП, квалификациите во Рио Ондо донесоа голема битка во која Марк Маркез на крајот се избори за пол-позиција.

Во последниот брз круг, неколку возачи атакуваа на лидерската позиција а на провизорното прво место се најде Маверик Вињалес. Сепак, актуелниот шампион покажа зошто му одговара патеката во Рио Ондо, и во последните два сектори го надополни заостанувањето и се избори за старт од првата позиција.

Покрај возачите на Хонда и Јамаха, во првиот ред имаше и место за Андра Довициозо и Дукати, кои по традиција се мачат во Аргентина.

Валентино Роси беше сосема солиден и ќе стартува од четвртата позиција па „докторот“ утре сигурно ќе се замеша во битката за победата и подиумот.

Милер и Морбидели го комплетираа вториот ред, Кваратаро, Крачлоу и Накагами се во третиот ред, додека пак Петручи, Лоренцо и Пол Еспаргаро ќе стартуваат од четвртиот ред.

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе