ЕП 2021

Трет меч, трет пораз за Македонија, македонските одбојкари беа прегазени од Турција

Македонската одбојкарска репрезентација доживеа тежок пораз од Турција 0-3 (22-25, 12-25, 15-25) во третото коло на Европското првенство, се носевме само во првиот сет. 

Одлуката на Македонската одбојкарска федерација да го промени Матијашевиќ на селекторската позиција не донесе ништо позитивно, напротив играта на репрезентацијата во Тампере е разочарувачка.
 
Турција е посилна репрезентација од нас, но начинот на кој загубивме во вториот и третиот сет е недозволив. 
 
Во првиот сет се носевме, но тоа беше и благодарение на Турците кои направија многу сервис грешки, тој сет го загубивме со 25-22.
 
Но во останатите два доживеавме тежок дебакл, во вториот освоивме 12 поени, во третиот 15.
 
Следниот натпревар на Македонија е утре (понеделник) против Шпанија со почеток од 16 часот.

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе