Нова трагедија во мотоспортот

Трагедија: Почина еден од најталентираните мотоциклисти во Европа по страшен судар во Арагон

14 годишниот Уго Милан го загуби животот по страшен судар во Арагон на трка од Европскиот куп на таленти, младото момче им подлегна на повредите во болница.

Нова трагедија во мотоспортот, животот го загуби еден од најперспективните мотоциклисти во Европа. На денешната трка во Арагон во рамките на Европскиот куп на таленти, 14 годишниот Уго Милан падна во вториот круг, се обиде да избега од патеката, но на него налета друг возач.

Момчето доби третман на патеката, а потоа беше пренесен и во мобилната болница во Арагон, за на крај со хеликоптер да биде однесен во болница во Сарагоса.

Сепак, докторите не можеле да сторат ништо за да го спасат неговиот живот.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе