Формула 1

Торо Росо го престави новиот болид, Вилијамс ги откри новите бои (ФОТО и ВИДЕО)

Торо Росо го откри адутот за 2019, вториот тим на „биковите" ќе атакува на бодови со СТР14, во исто време Вилијамс ги презентираше новите бои на својот болид.

Оваа недела неколку тимови имаат закажано промоција, а прв тоа го стори Торо Росо. Вториот тим на „биковите“ го престави СТР14 болидот со кој Даниел Квјат и Александер Албон ќе атакуваат на бодови оваа сезона. 

Боите се слични како од 2018, а новитет се поширокото и поедноставно предно крило, како и повисокот задно крило. промени кои ги наметнуваат новите правила со цел полесно да се претекнува.

Промоција денеска имаше и Вилијамс, но обелоденети беа само новите бои и новиот главен спонзор додека болидот ФВ42 ќе се чува во тајност се до првиот ден од тестирањето на 18. февруари. 

Болидот на Вилијамс за 2019 ќе има црна, бела и сина нијанса, а телекомуникациската компанија РОКиТ ќе биде нов главен спонзор место Мартини.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе