Според „Тајмс“

Токио ги откажува Олимписките игри?

Весникот „Тајмс“ пишува дека приватно јапонската влада утврдила дека нема услови за одржување на Олимписките игри поради пандемијата со ковид-19 и ќе подготвува кандидатура за 2032 година. 

Ковид-19 се уште е присутен во светот и бројот на случаи не е намален. Голем дел од земјите имаат рестриктивни мерки, и се уште не се знае кога светот ќе почне да функционира нормално.
 
Од минатата година за оваа се префрлија два големи настани, Олимписките игри и Европското фудбалско првенство, но последните информации велат дека едниот од нив нема да се одржи.
 
Според член на Владата на Јапонија, постои договор Олимијадата да биде откажана, но се уште никој не излегол во јавноста и официјално да ја каже ваквата одлука.
 
„Никој не сака прв да излезе и да го каже тоа, но има консензус дека е тешко да бидат одржани. Лично, не мислам дека ќе се одржат“, вели член на јапонската влада за „Тајмс“.
 
Јапонската влада одлучила да почне подготовки за кандидатура за следниот слободен термин за Олимписките игри, тоа е 2032 година.
 
Олимпијадата во 2024 година ќе се одржи во Париз, а во 2028 во Лос Анџелес.
 

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе