Формула 1

Титулата се подалеку од Фетел и Ферари, Хамилтон доминираше во Сингапур

Луис Хамилтон ја зголеми предноста во генералниот пласман на 40 бодови, Британецот не дозволи изненадување на денешната трка во Сингапур откако вчера на магичен начин стигна до пол-позицијата.

Титулата е се подалеку од Фетел и Ферари, во викенд кога се очекуваше тимот од Маранело да биде силен а Мерцедес и Хамилтон да се мачат, наместо да ја намалат предноста, тие сега повеќе заостануваат.

Луис Хамилтон откако вчера со магичен круг стигна до пол-позиција, денеска не дозволи да има изненадување. Себастијан Фетел уште во првиот круг го претекна Макс Верстапен, но потоа не можеше да го следи темпото на Луис Хамилтон.

Ферари реши да се коцка и да го повика прв Германецот во бокс и тоа на ултра меки гуми, но потегот се покажа како погрешен со оглед на тоа што Себастијан Фетел загливи зад Серхио Переиз и се врати на патеката зад Макс Верстапен.

Тој потоа мораше и да ги штеди своите гуми, па финишираше на последното место на пиедесталот со заостанување од речиси 40 секунди. Втор низ целта мина Макс Верстапен, кој сепак не можеше посериозно да го загрози Луис Хамилтон, и покај тоа што во петокот на тренинзите имаше подобри времиња на симулацијата на трка.

Валтери Ботас заврши четврти, пред Кими Раиконен и Даниел Рикиардо, а во бодови уште се најдоа и Фернандо Алонсо, Карлос Саинц, Шарл Леклер и Нико Хулкенберг.

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе

Придобивките од дрвјата за урбаниот екосистем и квалитет на воздухот можат да се зголемат со систематско планирање на зелениот простор. Дизајнирањето на зелените простори во градовите треба да ја опфати и функцијата за чистење на воздухот.

повеќе

На Грците не им е важно дали вечно ќе ја нарекуваат соседната земја „Скопје“, или дали соседите утре сами ќе почнат да се нарекуваат „Република на Осамениот Бор“. Она што ним навистина им е важно е како ја нарекува остатокот од светот.

повеќе