УС Опен

Тим со историски пресврт го победи Зверев и ја освои својата прва грен слем титула!

Во неверојатен меч Доминик Тим се врати од два сета негатива, направи пресврт и победи против Александер Зверев во финалето на УС Опен освојувајќи ја својата прва грен слем титула во кариерата. 

Во своето четврто грен слем финале, Доминик Тим дојде до првиот трофеј. Австриецот најдобро го искористи отсуството на Надал и Федерер, како и дисквалификацијата на Ѓоковиќ.
 
Тим стана првиот тенисер кој се вратил по два сета негатива во финале на УС Опен во сингл конкуренција во Опен ерата.
Зверев тргна одлично и ги доби првите два сета со 6-2 и 6-4, но Тим не се предаде, следните два ги доби со 6-4 и 6-3 со што израмни на 2-2.
 
Посебна приказна беше последниот решвачки сет кој се играше во тајбрејк, Тим победи со 8-6 по што славјето можеше да почне.
 

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе