Австриецот застана во одбрана на Србинот

Тим: Не е фер да се напаѓа Ѓоковиќ, не прекрши ниту еден закон, не нè тераше со сила да играме

Доминик Тим застана во одбрана на Новак Ѓоковиќ кој сè уште трпи напади за огранизацијата на Адрија Тур кој имаше неславен крај. 

Сè уште во целост не стивнале реакциите за организацијата на „Адрија Тур“, па третиот рекет во моментов во светот, Доминик Тим за „Си-Ен-Ен“ одговараше на прашања за турнирот. Тој застана во одбрана на Ѓоковиќ.
 
„Не се фер нападите кон Ѓоковиќ, тој не прекрши ниту еден закон, не нè тераше со сила да играме“, вели Тим за „Си-Ен-Ен“.
 
„Не тераше ниту еден тенисер да оди таму. Не тераше ниту еден играч да има интеракција со фановите. Сè беше наша одлука. Целиот настан беше за добра кауза“.
 
„Јасно е дека сите направивме грешка, но тоа е далечно минато веќе, сите кои беа позитивни од турнирот сега се здрави, што е многу добар знак“.
 
„Во реалноста, ние гледавме многу среќни фанови, гледавме среќни деца и заборавивме на мерките за држење на растојание, не можевме да не се сликаме, да не се прегрнеме со децата и тоа беше грешка“.
 
„Сите жалат за тоа се разбирам, но сега сè е добро“.

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе