АТП мастерс Лондон

Тим го совлада Зверев и закажа финале со Циципас во Лондон

Доминик Тим ќе му се спротивстави на Стефанос Циципас во финалето на завршниот турнир, Австриецот вечерва со 2-0 (7-5, 6-3) во сетови беше подобар од Александер Зверев.

Александер Зверев нема да ја брани титулата во Лондон, Германецот вечерва беше поразен од Доминик Тим, кој иако се мачи со настинка прикажува одлчни игри во Лондон и изминативе денови ги совлада Федерер и Ѓоковиќ.

Австриецот имаше потешкотии во првиот сет, особено на свој сервис и два пати беше приморан да спасува брејк топка, но како одминуваше времето беше се посигурен и кога беше најпотребно го сопре сервисот на Зверев и го доби првиот сет со 7-5.

Во вториот сет, Тим направи брејк во шесетиот гем, потоа спаси две брејки топки на Зверев во седмиот, поведе со 5-2 и го скрши противникот. Германецот не можеше да се врати по ова, па Тим славеше победа и пласман во финале.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе