Тим ја забележа и втората победа на завршниот турнир во Лондон, прв пораз за Рафаел Надал. Ова меч каков што само можеа да посакаат тениските фанови.
Иако се играа само два сета, мечот траеше два и пол часа, во двата сета се играше тај-брејк.
Во првиот сет Тим спаси две сет топки и го доби тај-брејкот со 9-7. Во вториот Австриецот успеа да се врати од загубен сервис, веднаш направи ри-брејк, се избори за нов тај-брејк кој го доби со 7-4 и заслужено се радуваше на триумфот.
Вечерва на програмата е вториот меч од групата, дуелот меѓу поразените од првото коло, Циципас и Рублев.