Формула 1

Тифозите по девет години се радуваат во Монца, Леклер одолеа на Хамилтон и Ботас за втора победа!

Ферари конечно победи на својата домашна трка по девет години, Шарл Леклер одолеа на нападите на Луис Хамилтон и Валтери Ботас и триумфираше на ГН на Италија.

Тифозите од 2010 чекаат да се израдуваат на триумф во Монца, минатата година Ферари беше блиску до победа, но Мерцедес со добра стратегија им го расипа славјето.

Сепак, Шарл Леклер не дозволи повторно да гледаме реприза на случувањата од лани. Себастијан Фетел можеби повторно направи грешка и го остави тимскиот колега да се бори со двоецот на Мерцедес, но младиот возач од Монако одлично си ја заврши работата.

Тој долго време одолеваше на притисокот од Луис Хамилтон, направи само една грешка кога на крајот од старно-целната рамнина му блокираше тркалото при запирање па мораше да ја пресече шиканата и да скокне преку тротоарчињата. 

Како одминуваше времето, се потрошија гумите на Луис Хамилтон, па и Британецот направи грешка на истото место и ја загуби втората позиција од тимскиот колега Валтери Ботас, кој во последните 10 круга го напаѓаше првото место. 

Но Леклер одолеа и на притисокот од Финецот и на крајот мина прв низ целта за голема радост во гаражата на Ферари и на трибините. За Луис Хамилтон мала утеха е тоа што го доби дополнителниот бод за најбрз круг. Кога актуелниот шампион виде дека е „залавен“ на третата позиција, влезе во бокс по свежи пневматици. 

ГН на Италија се покажа како импресивнa и за Рено, Даниел Рикиардо заврши како четврти а Нико Хулкенберг како петти. Бодови уште освоија и Алекс Албон, Серхио Перез, Макс Верстапен, Антонио Џовинаци и Ландо Норис.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе