Русинката кажа збогум

Тенисот останува без убавата Шарапова, Маша реши на 32 години да оди во пензија

Марија Шарапова реши да ја заврши тениската кариера, атрактивната Русинка поради хронична повреда на рамото оди во пензија на 32 години.

Тенисот останува без убавата Марија Шарапова, Русинката која има пет Гренд слем титули и е поранешен број 1, реши да ја заврши кариерата и да оди во пензија на 32 години поради хронична повреда на рамото.

„Како да го оставиш зад себе единствениот живот кој го познаваш? Како да ги напуштам терените на кои тренирав уште како малечко девојче, како да ја напуштам играта која ја обожавам и која ми донесе многу солзи и неверојатна радост, како да го напуштам спортот во кој пронајдов семејство, како да ги напуштам неверојатните навивачи кои беа со мене 28 години? Нова сум во ова, па те молам прости ми. Збогум тенису“ – вели популарната Маша во емотивно интервју за „Венити Фер“.

Мараја Шарапова блесна на тениската сцена во 2004 кога со 17 години ја победи Серена Вилијамс во финалето на најпрестижниот тениски турнир во светот, Вимблдон.

Атрактивниот изглед во комбинација со добрите партии за кратко време и донесоа светска слава и огромно богатства, според Форбс таа дури 11 години по ред беше спортистката која заработува најмногу.

Голема дамка на карирата и беше паднатиот допинг тест во 2016 кога беше позитивна на меладониум. Доби суспензија од две години, но со жалби, забраната беше намалена на 15 месеци. Но Марија Шарапова повеќе не беше онаа старата, следуваа и серија пехови и хронична повреда на рамото, па таа падна дури на 373 позиција на ВТА ранг листата.

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе