Били Џин Кинг Купот

Тенисерките поразени од Португалија во финалето на Били Џин Кинг Купот

По голема борба која траеше три сета, македонската тениска репрезентација го загуби мечот во двојки и со вкупни 2-1 е поразена од Португалија во Били Џин Кинг Купот кој се играше во Скопје.

Португалија поведе со 1-0 откако Матилга Жорге  со 2-0 (7-6, 6-3) ја победи Магдалена Стоилковска.
 
Во вториот сингл меч, Лина Ѓорческа успеа да изедначи откако ја совлада Француска Жорге со 2-0 (6-1, 6-1).
 
Мечот во двојки понуди голема возбуда, Португалија го доби првиот сет со 6-4, на идентичен начин Македонија успеа да изедначи на 1-1. Во третиот решавачки сет Португалките повторно беа подобри со 6-4 и го добија мечот со 2-1 во сетови, а финалето со 2-1 во партии.

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе