Заборавија на фер-плејот

Тенисерки се степаа на меч во Лас Вегас поради банална причина, пресилно ѝ ја стиснала раката при спортскиот поздрав (ВИДЕО)

Мечот од ИТФ фјучерсот во Лас Вегас помеѓу Американката Алиша Паркс и Канаѓанката Катерина Себов заврши со мала физичка конфронтација, тенисерките тргнаа да се пресметаат поради банална причина и пресилно стискање на раката при спортскиот поздрав на крајот од дуелот.

Две млади тенисерки приредија сцени кои ретко се гледаат. На ИТФ фјучерсот во Лас Вегас, Американката Алиша Паркс имаше мала физичка конфротација со Канаѓанката Катерина Себов.

По крајот на натпреварот, кој заврши со победа на Себов со 2-0 во сетови (6-0, 7-6), двете тенисерки имаа спортски поздрав на мрежата. Но тука настана проблемот, наводно Канаѓанката пресилно ја стиснала раката на Американката, па Паркс тргна да се тепа со Себов.

За среќа судијата забележа дека има искри, па брзо се симна од столчето и ги раздвои. Потоа на теренот влегоа и луѓето од таборите на тенисерките и спречија поголем инцидент.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе