Реакциите на тенисерите по откажувањето на Вимблдон

Тенисерите имаат големи емоции кон Вимблдон, тешко ја прифатија одлуката за негово откажување

Големиот грен слем тениски турнир, Вимблдон денеска и официјално беше откажан, тоа се случува за прв пат по Втората светска војна. 

Вимблдон е најпрестижниот тениски турнир во светот и има посебно место кај многу тенисери.
 
Еден од нив е Роџер Федерер кој осум пати досега триумфираше на Вимблдон.
 
„Уништен“, напиша Федерер на својот твитер профил откако ја дозна одлуката за откажување на турнирот.
„Шокирана сум“, твитна Серена Вилијамс која има освоено 23 грен слем титули во кариерата.
Симона Халеп која минатата година го освои турнирот, жали што Вимблдон е откажан, но вели дека светот сега се соочува со нешто поголемо од тенисот.
 
„Тажна сум што Вимблдон нема да се одржи оваа година. Минатогодишното финале засекогаш ќе биде еден од моите најсреќни денови во животот! Но ние поминуваме низ нешто поголемо од тенисот и Вимблдон ќе се врати!“, изјави Халеп.
Турнирот има посебно значење и за Петра Квитова која е двојна шампионка на Вимблдон.
 
„Дефинитивно е тешко да се прифати. Ова не е посебен турнир само за мене, туку турнир кој е дел од историјата толку долго време што ќе остави голема дупка во календарот. Ќе ми недостасува играњето на прекрасната трева и облекувањето во бело, но се разбира ќе се врати уште подобар следната година. И можеби ќе го цениме уште повеќе“, изјави Квитова.
За разлика од Ролан Гарос кој е презакажан, Вимблдон не може да добие нов датум бидејќи тревата е специфична подлога која не може да биде со ист квалитет во било кој период од годината. Тоа го објасни германската тениска легенда, Борис Бекер.
 
„Проблемот е подлогата, ги имате само летните месеци да ја направите подготовката и да играте на најдобрите тревнати терени кои вообичаено се Квинс и Вимблдон. Потребно е многу повеќе време за да се подготват терените на трева отколку на другите подлоги. Можете да играте на Ролан Гарос или на УС Опен подоцна, дури и во октомври можеби. Но на трева можете да играте само во летните месеци“, вели Борис Бекер.
 
АТП и ВТА донесоа одлука сите турнири на трева да бидат откажани оваа година.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе