ТУРНЕЈА „ЧЕТИРИ СКОКАЛНИЦИ“

Танде најдобар во Гармиш Партенкирхен

Норвешкиот скокач, Даниел Андре Танде победи на втората станица од турнејата „четири скокалници“, беше најдобар во Гармиш Партенкирхен.

22-годишниот Норвежанец, Даниел Андре Танде го освои Гармиш кој беше втората станица од турнејата четири скокалници.
 
Во првата серија прескокна 138 метри, во втората 142 и победи со 289,2 поени. Имаше 3,2 поени пред Стох, кој скокна 135,5 метри и 143 што беше и најдолг скок во денот.
 
Штефан Крафт од Австрија кој победи на отварањето на турнејата во Оберстдорф, заврши на третото место.
 
Водството во генералниот пласман на 65. издание на „четирите скокалници“ го презема Штох со 591,2 поени, пред Крафт со 590,4 и Танде со 584,6.
 
Турнејата сега се сели во Австрија, на 4. јануари во Инсбурк, а два дена подоцна завесата ќе биде спуштена во Бишофсхофен.

Природната и суровата храна се заменува со фабрички подготвени оброци и со обработена храна.

повеќе

Гувернерот, кој и да е, не е ничиј должник. Ниту на предлагачот, ниту на тие што ќе го изгласаат.

повеќе

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе