Формула 1

Тактизирањето донесе бламажа во квалификациите во Монца и пол позиција за Леклер и Ферари

Шарл Леклер ќе стартува од пол позиција на утрешната трка за ГН на Италија, возачот на Ферари денеска беше најбрз во квалификациите, но фановите останаа разочарани и без права битка.

Ферари минатиот викенд ја издвојува прата победа оваа сезона, но тифозите брзо ќе ја заборават доколку Мерцедес триумфира во Монца.

Тимот од Маранело на слободните тренинзи покажа дека има брзина да им се спротивстави на „сребрените стрели“, и денеска ја доби првата битка откако Шарл Леклер беше најбрз во квалификациите.

Но неутралните навивачи на Формула 1 и љубителите на мотоспортот останаа разочарани и без права битка. Откако возачите ги поставија првите брзи кругови, за вторите имаше огромно тактизирање. Сите чекаа пет минути во боксот, никој не сакаше да излезе прв и да остане без заветрина која во Монца може да донесе и 0,3 секунди по круг.

Па кога сите излегоа, иако времето беше кнап за започнување на брз круг, надмудрувањето продолжи и на патеката па тактизирањето се претвори во бламажа и никој не успеа да започне втор брз круг освен Карлос Саинц.

Покрај Шерл Леклер во првиот ред утре ќе стартува Луис Хамилтон, додека пак вториот ред е резервиран за Валтери Ботас и Себастијан Фетел.

Потоа следуваат Рикиардо, Хулкенберг, Сианц, Албон, Строл и Раиконен.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе