Тајгер Вудс повторно е во фокусот поради проблеми надвор од голф терените, Американецот имал тешка сообраќајна несреќа, со својот автомобил излетал од патот.
Инцидентот се случил во околината на Лос Анџелес, пожарникарите морале да користат специјална опрема за го извлечат од автомобилот. Тој веднаш е пренесен во болница на операција, а агентот изјави дека станува збор за неколку повреди на нозете.
Полицијата известува дека друг автомобил не бил инволвиран во несреќата и Тајгер Вудс бил сам во автомобилот. Од полицијата за ТМЗ брифираат дека најверојатно легендарниот голфер не возел под дејство на алкохол, но не знаат дали можеби користел други супстанци.
Во 2017, Тајгер Вудс беше уапсен откако заспал зад воланот на својот автомобил. Тогаш тој се правдаше дека користел лекови кои му биле препишани од докторот и не бил свесен за ефектот што тие можат да го имаат.
A look at the car Tiger Woods was in. https://t.co/biSQfMW0sK pic.twitter.com/WubFojEGfi
— Cody Chaffins (@Cody_Fox5) February 23, 2021